По повод одлуката на Сенатот да го ослободи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп од одговорност за поттикнување на бунт, актуелниот претседател Џо Бајден изјави дека демократијата е кревка и оти должност на секој Американец е да застане во одбрана на вистината.
– Ова тажно поглавје од нашата историја не потсетува дека демократијата е кревка. Иако конечното гласање (во Сенатот) не доведе до осуда, не е доведена во прашање суштината на обвинението. Дури и тие кои се спротивставија на отповикувањето, како лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел, уверени се дека Доналд Трамп е виновен за срамотно занемарување на должноста и оти практично и морално е одговорен за предизвикување на бран насилство во Капитол хил, истакна Бајден.
Во Сенатот синоќа 57 сенатори го прогласија за виновен Трамп, додека 43 гласаа за негово ослободување. За Трамп да беше отповикан требаше да гласаат 67 од стоте сенатори. Претходно, Претставничкиот дом веќе изгласа отповикување, но за одлуката да биде законодавна, морше да биде изгласана во Сенатот.