Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, и потпретседателката Камала Харис на 20 јанаури заклетвата ќе ја полагаат пред зградата на Капитол, соопшти денеска неговиот комитет за инаугурација
Планерите на инаугурацијата на Бајден се обидуваат во организацијата на настанот да ги усогласат традиционалната церемонија и почитувањето на безбедносните мерки заради епидемијата на коронавирусот.
Изборниот колеџ ноќеска ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори во САД, а инаугурацијата е закажана за 20 јануари.
Тимот на Бајден откри неколку детали, но се уште не е познато дали претседателот на заминување Доналд Трамп ќе учествува на церемонијата, пренесуваат американските медиуми.
По заклетвата, Бајден ќе одржи инаугуративен говор во кој ќе ја претстави својата визија за борбата против вирусот и другите важни пораки за неговиот четиригодишен мандат.