Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде „отфрлен на меѓународната сцена“ по инвазијата на неговата земја врз Украина, нагласи американскиот претседател Џо Бајден, откривајќи дека „нема планови“ да разговара со него.

Бајден во обраќањето од Белата куќа најави нови санкции за Москва.

Руската инвазија „никогаш не беше за вистинска загриженост за безбедноста од нивна страна“, додаде Бајден. „Секогаш се работеше за гола агресија, за желбата на Путин за империја, на кој било начин“.