САД следната година ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини „Фајзер“ на земјите во развој, најави денеска американскиот претседател Џо Бајден.
– За да ја победиме пандемијата овде, мора да ја победиме насекаде, истакна Бајден на виртуелен самит посветен на Ковид-19 на маргините на Генералното собрание на ОН, ветувајќи „арсенал вакцини“.
Со најавените дополнителни дози, вкупното количество на вакцини кои САД ќе ги донира низ светот ќе надмине една милијарда. Досега, тие дистрибуираа повеќе од 160 милиони дози во над сто земји.
Бајден објасни дека за секоја доза дадена досега во САД, Вашингтон се обврза дека ќе му даде уште три на остатокот од светот.