Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека НАТО е „критично важен“ за американските интереси и дека клаузулата за меѓусебната одбрана на алијансата е „света обврска“.
Говорејќи во Брисел по пристигнувањето на денешниот самит на лидерите на НАТО, Бајден исто така рече дека сака Европа да знае дека Соединетите Држави се покрај нив.
„Членот 5 е света обврска“, рече Бајден осврнувајќи се на доктрината за колективна одбрана во договорот за основањето на НАТО.
„Сакам цела Европа да знае дека Соединетите Држави се тука“, рече Бајден.
Присуството на Бајден на самитот на НАТО е дел од неговата европска турнеја чија цел е да ги поправи односите и да ги смири трансатлантските партнери на Вашингтон по четири години спорни односи под водството на неговиот претходник Доналд Трамп.
Бајден од Брисел треба да отпатува во Женева на неговиот прв самит со рускиот претседател Владимир Путин на 15 јуни.
Претседателот на САД одржува и приватна средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во време кога односите меѓу двете членки на НАТО се особено напнати.
Лидерите на змјите членки на Алијансата прв пат од 2018 година се среќаваат лице в лице поради пандемијата на коронавирусот. Тие ќе разговараат на многу теми, вклучително и тековното повлекување војниците од Авганистан, односите со Русија и Кина и трошоците за одбрана.