Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска оцени дека е срамота што неговиот противкандидат од Републиканската партија и актуелен претседател Доналд Трамп да не го признава изборниот резултат.
Обраќајќи се на настанот во Делавер, Бајден рече дека транзицијата е во тек, и покрај фактот што Трамп одбива да ги прифати резултатите од изборите.
Тој додаде дека се надева дека ќе излезе со имиња за барем некои позиции во Кабинетот до Денот на благодарноста, кој се одбележува на 26 ноември.