Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането, изјави докторот на американскиот претседател Џо Бајден, Кевин О’Конор, истакнувајќи дека станува збор за еден вид рак на кожата наречен карцином на базалните клетки.
О’Конор, објави дека лезијата земена со биопсија од градниот кош на претседателот минатиот месец е канцерогена, но дека не бара дополнително лекување, пренесува Анадолија.
Белата куќа го објави извештајот на д-р О’Конор за резултатите од биопсијата направена на 16 февруари за лезија на градниот кош на Бајден.
„Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането“, рече О’Конор, истакнувајќи дека станува збор за вид на рак на кожата наречен карцином на базалните клетки. Истакнувајќи дека и областа околу местото на биопсијата била третирана со електродесикација, а О’Конор потврдил дека нема потреба од дополнителен третман.
Д-р О’Конор истакнал и дека лезиите на карцином на базалните клетки не се склони кон метастази.
Изјавувајќи дека местото на биопсијата е заздравено, О’Конор рече дека состојбата на претседателот ќе се следи како дел од неговите рутински прегледи.
Белата куќа на 17 февруари го сподели извештајот на д-р О’Конор со детални информации за здравјето на Бајден, кои често се на дневен ред во американската јавност, бидејќи тој има 80 години.