Претседателот на САД Џо Бајден денеска во изјава за пресудата донесена синоќа од порота во Њујорк против Доналд Трамп а поради фалсификување документи и поткуп, истакна дека „никој не е над законот“ и дека неговиот соперник има право да ja апелира.
– Американскиот принцип е дека никој не е над законот, рече Бајден. Тој изјави дека поротата беше составена од „12 луѓе како вас, кои ги ислушаа доказите и одговорија со едногласна пресуда“.
– Поротата беше одбрана на истиот начин како што се бира порота насекаде во Америка, изјави претседателот на САД, додавајќи дека адвокатите на Трамп биле дел од процесот.
Бајден рече дека на Трамп му била дадена секаква можност за одбрана.
– По внимателно разгледување поротата дојде до едногласна пресуда, тие утврдија дека Доналд Трамп е виновен по сите 34 точки за направени престапи.
Истакна и дека коментарот на Трамп даден претходно за време на прес-конференција во Њујорк во зградата Кула Трамп, рече дека е „безрасудно да се кажува дека одлуката е лажирана“.
– Сега му е дадеа можност како што треба, да оди на апелација, таа одлука е за и секој друг што има таква можност. Така работи американскиот судски систем, изјави Бајден.
Рече дека „е неразумно, опасно е, не е одговорно, за кој и да било да рече дека (пресудата) била лажирана само затоа што не им се допаѓа“.