Наим Бајрами од Алијанса за Албанците од крилото на Села во емисијата 24 анализа рече дека биле искрени во намерите сами да излезат на овие избори. Алијанса од самото постоење покажа коалиционен капацитет.
– Она што го видовме од тие соработки со партиите со кои коалициравме ни даде до знаење дека ние не може да веруваме на разни политички авантуристи кои политиката ја сметаат како ситуација да се добие нешто од власта. Ние станавме дел од власта на чело со Таравари, тој не беше против ДУИ и неговите луѓе се уште се на власт и не даваат оставки и уште се во фотелји. Ние ги разрешивме. Таравари имаше своја политичка агенда, а тоа беше да наштети на Алијансата за Албанците и му пречеше префиксот во името на партијата. Сакаше и да ги смени боите, но тоа беше отфрлено од Села. Таравари настојуваше да ја преземе партијата. На овие избори, Села ќе ја носи 5 изборна листа, а јас најверојатно ќе бидам 4 единица во фронтот на ДУИ – рече Бајрами.