Шеснаетсетгодишниот каратист Андреј Стојановски во родниот град Тетово носи сребрен медал како како дел од тричлената репрезентативна екипа која освои второ место во ката тим кадети/јуниори на 21. Балканско првенство што се одржа викендов во хрватскиот град Риека.
-Сребрениот медал го освоивме со колегите од репрезентацијата Кристијан Андриќ и Давид Спасовски од Скопје под водство на селекторот во кати Стојан Андриевски, кој ни е тренер и во карате клубот Фунакоши Гичин-Скопје, информираше Андреј Стојановски.
На Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, репрезентацијата на Македонија настапи со 61 каратист, а освои вкупно 13 медали.