Граѓаните на Нови Пазар, Србија, се освежуваат во градскиот базен. Тој се наоѓа во центарот на градот и е единственот поголем базен во тоа населено место со над 120.000 жители.
Патем, веројатно помалку познат факт е дека Нови Пазар е единствениот град во Србија каде што има одделни термини за базен за мажи и за жени. Па, така, мажите можат да пливаат во базенот секој ден од 11 до 15 часот и од 17 до 19 часот, а единствениот термин за жени е во најголемата жештина – од 15 до 17 часот. Тогаш влезот на мажите им е строго забранет.
Ова не е случај во другите градови во областа Санџак каде што има базени од ваков вид. Во Тутин, на пример, нема женски термин, но не е невообичаено жените да изнајмуваат приватен термин и да се рекреираат, одделно од мажите.
Секако, има жени кои се капат и во машки термини, бидејќи за разлика од мажите, на жените им е дозволено да упаѓаат во машкиот термин.
Покрај тоа што на мажите им е забрането да пливаат во тој период, градскиот базен е заграден така што мажите кои минуваат покрај базенот да не можат да ги видат своите сограѓанки.
Овој распоред на термини и поделба по пол, се воведени пред 15-на години, поради, како што велат граѓаните, верските обврски на исламот, чии следбеници сочинуваат мнозинство во овој град.