Оваа билка ја има во умерените тропски подрачја, многу е здрава иако поретко се користи во домаќинствата. Станува збор за бамјата, која го смалува шеќерот во крвта, спречува камен во бубрегот, го контролира дијабетесот, го намалува холестеролот и го подобрува имунитетот.
Исто така, помага и за проблеми со астма.
Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.
Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2, а особено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6). Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.
Благодарение на овие материи, како прилог во оброкот бамијата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за оние кои треба да одржуваат нормално ниво на гликоза во крвта. Благодарение на огромното ниво на пектини, бамијата помага во намалувањето на холестеролот во крвта до 10 проценти Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот (меморија).
Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.