Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науките Георги Желев во изјава зА бугарси медиумми нагласи дека државата треба прво да стане полноправна членка на Европската вселенска агенција за обука на астронаути, а потоа бугарски граѓани можат да аплицираат за работа во агенцијата
„Во денешно време, се е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства“, изјави за 24 Часа Желев.
Неговата изјава е коментар на предлогот на лидерот на политичката партија „Има таков народ“, Слави Трифонов да испрати бугарски астронаути во вселената, заедно со астронаут од Република Северна Македонија.
Според него, Бугарија во моментов е во претпристапниот период за членство во Европската вселенска агенција, што трае пет години.
„Во зависност од политиката и докажаните надлежности на Бугарија, овој период може да се продолжи за уште 5 години и, соодветно, да се понуди влез и да станеме полноправни членки“, објасни Желев.