Играчот од средниот ред на Севиља, Евер Банега се раздели со клубот на најдобар начин – со трофеј освоен по победата над Интер со 3:2 во финалето на Лигата на Европа.
– Кога го намалив темпото, тренерот Хулен Лопетеи практично ми покажа дека ништо не работи без напорна работа. Благодарение на него, ги наполнив батериите. Сега ќе славиме, овој трофеј е за целиот град. Го напуштам клубот на мојот живот, но јас сум среќен. Им благодарам на моите колеги што заедно успеавме да го оствариме овој сон, прокоментира Банега.
Напаѓачот на Севиља, Мунир ел-Хадади го прослави успехот на интересен начин. Мунир, кој влезе како резерва во 71. минута, исече дел од мрежата на голот на стадионот во Келн како сувенир од незаборавниот натпревар.