Властите во Бангладеш наредиле успорување на брзите мобилни интернет услуги пред националните избори во овој викенд, објави Дејли стар.
Весникот објави е-маил со талва содржина испратен од Управата за телекомуникации до мобилните оператори.
Со тоа се спречуваат корисниците на интернет на телефони да користат 4Г мрежа и да испраќаат или пренесуваат фотографии и видеозаписи откако наредбата ја спроведе Бангладешкото регулаторно тело за телекомуникации (БТРЦ).
Засега на интернет страницата на БТРЦ не е објавена наредбата за успорување на интернетот.