Идниот шеф на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) Витолд Бањка ги повика владите и приватните организации да ја зголемат финансиската поддршка за организацијата.
– Вада е глобален регулаторски орган и неговиот буџет е само 40 милиони американски долари. Многу спортски клубови имаат поголем буџет. Не треба да се помириме со овој факт, рече Бањка на отворањето на Светската анти-допинг конференција во полски Катовице.
Тој најави бескомпромисна борба со употребата на недозволени средства во спортот.
– Не толерирам и нема да толерирам измама во спортот. Ќе дадам се од себе за да ја развијам борбата против допингот. Денес започнува нова иднина во борбата против допингот, изјави Бањка.
Неговата кандидатура треба да биде одобрена од Советот на основачите на ВАДА на 7 ноември. Тој официјално ќе ја преземе должноста на 1 јануари 2020 година.