Во повеќе европски градови денеска се одржаа пропалестински собири за солидарност со Палестинците, при што беа упатени барања за прекин на огнот во Појасот Газа.
На протестите во Лондон приведени се три лица. Еден човек е приведе поради што истакнал транспарент „кој би можел да поттикне на омраза“, вториот маж е приведен поради кршење на јавниот ред, а третиот поради напад врз полицаец.
Неколку илјади демонстранти од Париз апелираа на итен прекин на огнот во Појасот Газа.
Тие извикува „Израел, атентатор“, „Стоп за масакрот во Газа“, „Палестина ќе живее, Палестина ќе победи“, а многумина носеа палестински знамиња.
Пропалестински демонстрации се одржаа и во Берлин и Дизелдорф.
Околу 6.000 демонстранти маршираа низ центарот на Берлин, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Спасете ја Газа“, „Стоп за геноцидот“ и „Примирје“.
Неколку илјади демонстранти маршираат и низ Дизелдорф во западна Германија во знак на поддршка на Палестинците и против Израел.