Грчката православна црква соопшти дека сака свештениците да останат државни службеници откако одби некои од владините предлози за промена на платниот систем за црковните власти.
Светиот синод на црквата денеска соопшти дека дека гласал едногласно „да го задржи сегашниот систем на плаќање за свештенството и вработените во Грчката црква“.
Претходно, премиерот Алексис Ципрас ја повика црквата да поддржи серија владини предлози за реформи, чија цел е решавање на децениските имотни спорови и префрлање на платите на свештениците во посебна државна финансиска ставка.