БАРАЊЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Нови масовни штрајкови на германските аеродроми и на железницата, се очекува колапс

/ 19.04.2023

Граѓаните на Германија утре и задутре ќе се соочат со нови масовни штрајкови во транспортниот сектор, кои ќе зафатат неколку аеродроми и целиот железнички сообраќај, соопштено е денеска.

„Не сакаме да ги казнуваме патниците, туку да го зголемиме притисокот врз железничката управа“, рече претседателот на синдикатот на вработените во железничкиот сектор ЕВГ, Козима Ингеншај. Како причина за штрајкот на целиот железнички сектор, кој ќе се одржи во петок од 3 до 11 часот, таа ги наведе тешкотиите во преговорите за новиот тарифен договор.

ЕВГ преговара на своите вработени да ги зголемат платите за најмалку 650 евра и го отфрла предлогот на работодавачот ЕВГ да се усогласат со неодамна постигнатиот договор меѓу вработените во јавните служби и државните работодавачи.

Германските железници (ДБ), најголемиот работодавач во преговорите со ЕВГ, го критикуваше најавениот штрајк кој, според нивните претставници, и покрај тоа што е ограничен на половина ден, ќе предизвика големи потешкотии во сообраќајот.

„Овој штрајк е целосно непотребен и ќе влијае на многу патници секој ден“, рече претставникот на ДБ, Мартин Сејлер.

Со цел да се зголеми притисокот врз работодавците во тековните преговори, синдикатот на вработените во јавниот сектор Верди повика на дводневен штрајк на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон и Хамбург. Пред неполни четири недели синдикатите на вработените во транспортниот сектор штрајкуваа во координирана акција низ државата.


Од истата категорија