Пејачката и актерка Барбара Стрејсенд изјави дека размислува да се преселеи во Канада доколку републиканците освојат мнозинство на 6 ноември на изборите за Конгресот.

Во интервју за Њујорк тајмс таа изјави дека е тажна поради политичката ситуација во САД.

-Размислувам дали сакам да се преселам во Канада.Не знам. Многу сум тажна поради се ова што се случува во нашата држава,изјави таа.

Барбара Стрејсенд пред претседателските избори во 2016 година рече дека ќе се пресели во Канада ако победи Трамп, но тоа не се случи.