Велика Британија бара алтернативно решение за „невидливата граница на островот Ирска“ во договорот за Брегзит, откако Парламентот реши британската премиерка Тереза Меј повторно да преговара за условите за напуштање на ЕУ, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Стивен Баркли.
Британскиот Парламент вчера донесе одлука Меј да замине во Брисел на преговори за промени во договорот за Брегзит, кој ја вклучува таканаречената „невидлива граница на островот Ирска“, која спречува создавање „тврда“ граница со Ирска, на што се противат голем број британски пратеници.
– Динамиката синоќа се смени и сега и дава јасен мандат на премиерката Тереза Меј да се врати во Брисел, изјави Баркли за Радио Би-Би-Си.
На прашањето што би можело да биде замена за „бекстоп“, Баркли рече дека има многу опции.
– Постојат голем број опции, постојат прашања за условите на постојните временски ограничувања, прашања за условите на излезната клаузула, прашања за технологијата и ова ќе биде фокусот на преговорите во ЕУ во наредните денови, истакна Баркли.