Останаа само уште неколку часа за склучување договор меѓу ЕУ и Велика Британија, изјави главниот преговарач на Унијата, Мишел Барние пред Европскиот парламент.
Според него, дојде „моментот на вистината“ за двете преговарачки страни.
Лондон и Брисел денеска ги продолжуваат преговорите пред крајниот рок утврден од Европскиот парламент до недела, за да може да се ратификува евентуална зделка до 31 декември, кога Велика Британија ќе го напушти заедничкиот пазар и царинската унија.