Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска изјави дека Париз е подготвен да ги брани партнерите на Блиски Исток и оти го задржува правото да интервенира, ако тие побараа помош поради напади од Иран.
По американско-израелскиот напад врз Иран, Техеран нападна повеќе арапски држави, каде има американски бази.
Баро посочи дека државите со кои Франција има одбранбени договори и кои имаат воени бази би можеле да бидат вовлечени во конфликт.
Лидерите на Франција, Германија и Велика Британија претходно во заедничко соопштение побараа Иран да ги прекине нападите врз соседните држави, меѓу кои има и „блиски сојузници“ на Париз, Берлин и Лондон и изразија подготвеност да преземат „пропорционално одбранбени акции“.
Баро посочи и дека француските борбени авиони Рафал извршиле операции за обезбедување на воздушниот простор над француските бази во регионот.
фото: архива




