Велика Британија најверојатно ќе го одложи Брегзит и нема да ја напушти Европската унија во март, вели поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, додавајќи дека Унијата најверојатно ќе го прифати барањето за продолжување со цел да се занимава со деталите на тој процес.
– Мислам дека најверојатното сценарио е дека тоа нема да се случи следниот месец. Потребни ни се повеќе подготовки, изјави Баросо, кој сега ја извршува должноста неизвршен директор на „Голдман Сакс”, прашан дали Брегзит ќе се реализира на 29 март, како што е планирано.
– Дури и ако се постигне позитивен договор, мислам дека од практична гледна точка очигледно е дека многу работи не се подготвени. Сметам дека мораме да дојдеме до некој вид на продолжување и верувам дека ако Обединетото Кралство побара продолжување на спроведувањето на член 50 од Лисабонскиот договор, тогаш земјите-членки на ЕУ природно ќе го прифатат тоа, вели Баросо.