Барселона го победи Панатинаикос со 79:68 поени во 18-тиот круг од кошаркарската Евролига и веќе има пет последователни успеси. Шпанскиот тим е шести во пласманот со 11 победи и 7 порази, додека Панатинаикос е 10-ти со скор 8-10.
Тома Јуртел беше најдобар стрелец за Барселона со 23 поени. Кевин Серафин додаде 14 поени и 7 скока. Јанис Папапетру постигна 17 за гостите.
Барселона водеше со 37:36 на паузата и 56:52 по 30 минути, но одигра силна последна четвртина и дојде до крајниот успех.
Израелскиот шампион Макаби Тел Авив победи како домаќин на ЦСКА Москва со 93:76 и ја забележа првата победа над рускиот тим како гостин од 2004 година. За ЦСКА, ова е најголемиот пораз на турнирот во текот на изминатите шест години.
Нандо де Коло и Вил Клебурн беа најуспешни за ЦСКА Москва со 16 поени. Отело Хантер постигна 12 поени и 9 скокови.
ЦСКА Москва доживеа прв пораз на домашен терен за сезоната, но остана на третото место во рангот со 13-5.
Во шпанското дерби, Басконија ја порази Гран Канарија со 83:66. За победниците се истакна Марчелино Вертас со 24 поени и 6 асистенции, Винсент Поире додаде 20, Илиман Диоп направи „дабл-дабл“ – 13 поени и 10 скока.
Евролига, резултати, 18. коло:
ЦСКА Москва (Русија) – Макаби Тел Авив (Израел) – 76:93
Будучност (Црна Гора) – Дарушафака (Турција) – 75:74
Басконија (Шпанија) – Гран Канарија (Шпанија) – 83:66
Баерн Минхен (Германија) – Армани Милано (Италија) – 93:87
Барселона (Шпанија) – Панатинаикос (Грција) – 79:68.