Каталонската Служба за вонредни состојби соопшти дека железничката несреќа се случила меѓу местата Сан Висенте де Кастељет и Манреса, северозападно од Барселона.
Портпаролката на каталонската Агенција за цивилна заштита, Џоан Гарсија информира дека до несреќата дошло кога „еден воз налетал на друг“.
Засега нема повеќе детали за несреќата, што се случила во 18:20 минути.