Во реванш натпреварите од ЛЕ, Барселона со 2-1 го победи Галатасарај во Истанбул и го надополни тоа што го пропушти на Камп Ноу, а Црвена ѕвезда не успеа да ја анулира високата негатива од Глазгов – триумфираше со 2-1, но Ренџерс оди понатаму со вкупни 4-2.

Во Истанбул, Галатасарај успеа да поведе, но гостите направија пресврт и победија со 2-1.

Црвена звезда и на овој меч со Глазгов Ренџерс пропушти многу шанси.

Српскиот тим поведе уште во 10. минута со гол на Иваниќ, погодок кој влеа надеж дека може да се анулираат високите 0-3 од првиот натпревар.

Сепак, во 56 минута Кент од контра напад во 56. минута постигна гол за израмнување на 1-1 и ги закопа надежите на белграѓани.

Момците на Дејан Станковиќ напаѓаа до последните моменти, успеаа да постигнат уште еден гол, Бен погоди во 93. минута за победа од 2-1.

Аталанта го елиминира Леверкузен, а Бетис – Монако.