Се појавија нови детали околу трансферот на напаѓачот Малком од Барселона во Зенит.
Покрај договорените 40 милиони евра, Каталонците ќе добијат 7,5% од следниот трансфер на Бразилецот, информира „Ел Мундо Депортиво“.
Договорот опфаќа и други 5 милиони кои Зенит може да ги плати Барса како бонуси.
Малком потпиша петгодишен договор со тимот од Санкт Петербург. Неговата плата во Русија ќе изнесува 6 милиони евра годишно.