Барселона може да се раздели со напаѓачот Антоан Гризман, една година по неговиот трансфер на „Камп Ноу“ од Атлетико Мадрид, објави „Le10Sport“.
Според изворите, односите меѓу Французинот и капитенот на Каталонците, Лионел Меси не се добри.
Аргентинецот не е задоволен што Барса го привлече Гризман наместо да потроши пари за враќањето на Нејмар.
Доколку односите на Меси и Гризман не се подобрат во наредните месеци, од „Камп Ноу“ се подготвени да го вклучат францускиот напаѓач во преговорите со ПСЖ за Нејмар.
Оваа сезона Гризман зеде учество на 9 натпревари за Барселона, постигнувајќи три гола и асистираше за уште два.