Шпанскиот шампион Барселона повеќе не е заинтересирана за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Раководството на каталонскиот клуб верува дека пропаднатиот трансфер минатото лето беше единствената шанса за Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.
Според „Марка“ трансферот на Гризман може да ја чини Барселона од 120 до 200 милиони евра, што се смета за превисока сума.
Според изворот, главната цел на каталонскиот клуб во моментов е 21-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.
Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, го следеше играчот за квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 меѓу Србија и Португалија.
Потенцијалниот трансфер на Јовиќ се проценува на 60 милиони евра.