Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за густиот календар на натпревари кои ги игра неговиот тим.
– Ситуацијата не е лесна. Голем број на натпревари и турнири, а ситуацијата со коронавирусот комплицира сè. За да разберете како се чувствуваат фудбалерите, треба да комуницирате со нив. Понекогаш треба некому да му дадете одмор за на следниот меч да биде во добра состојба. Се надеваме дека раководствата на УЕФА и на Ла Лига ќе се замислат за тоа како бројот на натпревари влијае на играчите. Ова не е нормално, изјави Куман за „Марка“.
Барселона е четврта во поредокот во шпанската лига со 40 бода по 20 одиграни натпревари.
Вечер во 21 часот каталонскиот тим гостува во Севиља кај Бетис.