Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, може да го напушти тимот во тековниот преоден рок. Според „Марка“, управата на каталонскиот клуб размислува за продажба на Французинот поради тешката финансиска состојба.
Заминувањето на 30-годишниот напаѓач би и помогнало на Барселона да заштеди на платите, но продажбата допрва треба да се реши. За него се бара солидна сума, бидејќи Каталонците се здобија со фудбалерот за 120 милиони евра.
Гризман игра за Барселона од 2019 година. Минатата сезона тој одигра 51 натпревар за тимот на сите турнири, постигна 20 гола и направи 12 асистенции.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува Гризман на 60 милиони евра. Неговиот договор со клубот важи до крајот на јуни 2024 година.
Претходно, Марка тврдеше дека Барселона понудила раскин на договорот со играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ.