Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартому, соопшти дека клубот не е подготвен да ги задоволи барањата на играчот од средниот ред, Иван Ракитиќ.
Претходно, хрватскиот фудбалер кажа дека ја отфрлил понудата на ПСЖ, нагласувајќи дека тој чека знак на охрабрување од каталонскиот клуб за продолжување на договорот.
– Оваа сезона не можеме да го исполниме барањето, кое го постави Ракитиќ. Сето тоа бара проценка што ќе се случи до следната сезона, кога ќе го дефинираме финансискиот план и ќе го разгледуваме ростерот на тимот- посочи првиот човек на Барселона.
Актуелниот договорот на 30-годишниот Ракитиќ со Барселона е со важност до 2021 година.