Шпанскиот кошаркарски великан Барселона, не чекаше долго и веднаш одговори на изјавата на членот на Бруклин, Кевин Дурант, дека сака да игра во каталонскиот клуб.

Триесет и едногодишниот Американец, кој се опоравува од операцијата на ахиловата тетива, кажа дека сака да ја заврши кариерата во Европа, како играч на Барселона.

– Здраво, Кевин Дурант, ова е дресот на Барселона во случај вашиот „луд“ сон да стане „луда“ реалност, се вели во пораката на Твитер на каталонскиот клуб.