Крилниот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради нова повреда, но клубот сепак ќе има корист од ова, пренесува „Мундо Депортиво“.

Каталонците го привлекоа играчот од Борусија (Дортмунд) во август 2017 година за сума од 105 милиони евра, како и дополнителни бонуси во вкупна вредност од 42 милиони евра. Еден од нив допира до одиграни натпревари за тимот.

Веднаш штом ќе учествува на својот 75. натпревар за Барселона, клубот ќе мора да плати 5 милиони евра бонуси на „жолто-црните“ Интересно е што Дембеле досега има 74 натпревари за тимот. Така, од „Камп Ноу“ ќе ја исплатат таа сума рано во следната кампања.

Изданието, исто така, проценува дека во овие две и пол години, светскиот шампион со Франција отсуствувал од игра веќе 320 дена, заради кои пропуштил 62 натпревари на Барселона