Шпанскиот фудбалски шампион Барселона сака во своите редови да го има Килијан Мбапе. Каталонците за талентираниот млад Французин подготвуваат троцифрена милионска понуда како и играчот од средниот ред Филипе Кутињо.
Кутињо заедно со 150 милиони евра може да станат сопственост на Пари Сен Жермен во замена за Килијан Мбапе, објави „Дон Балон“.
Останува да се види одговорот на францускиот шампион.
Мбапе на 12 натпревари во француската Лига 1 ова сезона, постигна 13 гола и оствари осум асистенции.
Кутињо во шпанската Примера одигра 15 натпревари, четири пати се запиша во листата на стрелците.