Барселона сака Јирген Клоп да стане нов тренер на клубот, објави „Sport.es“. Во каталонскиот клуб се уверени дека нивниот актуелен тренер, Роналд Куман, следната година ќе го напушти тимот.
Меѓу кандидатите за негова замена е и екс-фудбалерот на Барса, Чави.
Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува и за кандидатурата на Томас Тухел, кој моментално работи во Челзи, но оваа опција е малку веројатна.
По девет кола од Ла Лига, Барселона со 15 бодови го зазема 9. место.