Фудбалерот од средниот ред Артуро Видал нема да ја напушти Барселона во блиска иднина.

Според „Спорт.ес“ Каталонците нема да дозволат разделба со Чилеанецот заради неговата важност во тимот.

Оваа сезона, 32-годишниот Видал има настапено на 20 натпревари на сите турнири, постигна шест гола и забележа една асистенција.

Чилеанецот е познат по неговиот бунтовнички карактер. Тој неколку пати бурно реагираше кога не беше во првиот состав на тимот, и поради неговото однесување се шпекулираше дека ќе си замине од „Камп ноу“ на крајот на сезоната.