Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу даде интересна изјава кога по којзнае кој пат беше прашан за можно враќање на Нејмар во тимот.

Бартомеу рече дека заменикот на Бразилецот на „Камп Ноу“, Усман Дембеле, е подобар од ѕвездата на Париз Сен Жермен.

Шефот на шпанскиот гигант не сакаше да разговара за темата „Нејмар“ пред „Кадена СЕР“, и наместо тоа, почна да го фали француското крило.

Дембеле премина од Борусија Дортмунд на „Камп Ноу“ за 105 милиони евра, но не се вклопи веднаш во тимот. Во меѓувреме, гласините за враќањето на Нејмар никогаш не престанаа.

– Да го вратам Нејмар во Барселона? Нема да кажам „да“ или „не“. Велам дека со парите Барса направи една спортска инвестиција. Со овие пари донесовме играчи како Дембеле и Кутињо. Дембеле е подобар од Нејмар. Тој е во Барса и е подобар, изјави Бартомеу.