Лидерот на најголемата албанска  опозициска партија, Демократската партија, Љуљзим Баша, од денешното Национално собрание на партијата  повика на отстранување на премиерот Еди Рама од власта со цел „ стопирање на  на пропаста на Албанија“.

Тој уште побара да се продолжи со обвинувањата и демаскирањата кон  владата, а повика сите албански граѓани да се придружат на студентските протести “кои се одржуваат насекаде во Албанија“

– Од денеска треба да се бориме за промени, не за власт. Само така утре ќе имаме одговорна, демократска,транспарентна и мирољубива влада. Еди Рама ја донесе Албанија на работ на пропаста. Тој треба да си оди. По Енвер Хоџа, кој  нанесе најголемо зло на Албанија, Рама е веднаш зад него, затоа само со негово заминување ќе ја спасиме земјата од целосен пропаст, порача Баша.

Според него заминувањето на Рама од власт е прв чекор кон промени во предводењето на земјата. Тој исто така смета дека „Рама и целата криминална банда, со која ја уништил Албанија, треба да се изнесат пред лицето на правдата“.

– Убеден сум дека за да падне владата на Рама нема потреба од насилство, туку секојдневно присуство пред него, противејќи се на неговото лошо владеење. Соборувањето на Рама е неопходно, затоа да се придружиме сите на потестите на студентите, граѓаните,малиот бизнис, земојделците, порача Баша.

Делегатите на Националното собрание на Демократите избираат нов Национален совет на партијата.