Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, која ја предводи обединетата албанска опозиција, одби да ја коментира изјавата на европратениците, кои меѓу другото повикаа на национален консензус и откажување на опозицијата од бојкот на Парламентот.
– Не коментирам изјави на странските пријатели, кусо им одговори Баша на новинарите при неговиот престој во Скадар.
Сепак, тој не заборави да ги повтори условите за решавање на политичката крза во земјата, а тоа е преодна влада, слободни и демократски предвремени парламентарни избори.
– Кенеди еднаш рече: Не прашувај што ќе направи твојата земја за тебе, туку прашај што ќе направиш ти за твојата земја. Јас посакувам секој од Вас кој се уште е во дилема помеѓу вашата подобра реалност, подобра иднина на вашите блиски и семејствата и изјавите во врска со реалноста, да му го поставите секому ова прашање. Дали ќе прифатите вашата земја да ја раководи премиер кој е поврзан со криминалот, дали ќе прифатите масовна кражба на парите на Албанците, економски колапс, сиромаштија, бесперспективност и емиграција, посочи Баша, додавајќи дека одговорот е јасен оти никој не прифаќа такво нешто.
Во меѓувреме, во врска со разочарувањето што го изнесе европаратеникот Кнут Флекенштајн од лидерката на Социјалисткото движење за интеграција(ЛСИ) Моника Круемади, од име на партијата реагираше Перпарим Спахиу.
Преку Фејсбук тој на европратеникот му порача да не се прави „прва дама на Владата со дрога“.
– Кнут не прави се Прва дама на Владата на дрога. Ниту Владата на вашата држава не го сака тоа. Имај трпение во овој период што е преостанато, до месец мај, напиша Спахиу.
Флекенштајн на денешната прес-конференција рече дека е посебно разочаран од лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција.
-Јас сум посебно разочаран од претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која ни кажа дека опозицијата ја донела одлуката и нема враќање назад. Очекуваме пратениците да се вратат во Парламентот. Дури и ако опозицијата има право да обвинува, бојкотот не решава ништо, рече Флекенштајн.