Џими Батлер изјави дека претпочита да биде префрлен во Мајами, објави „Њујорк тајмс“. Таа информација доаѓа речиси веднаш по информациите дека хит е на врвот на листата на тимови, кои се заинтересирани за услугите на кошаркарот.
Според изданието, „жешките“ покажале најголем интерес и желба да ја преземат поранешната ѕвезда на Чикаго, но тие наидуваат на тешкотии во комуникацијата со колегите од Минеаполис.
Дваесет и девет-годишниот освојувач на олимписки златен медал од Рио 2016 формално поднесе барање за трансфер минатата недела, а обидите на тренерот Том Тибодо да го разубеди не вродиле со плод.
Батлер игра за Минесота од 2017 година, а претходно помина шест години во Чикаго Булс.