Клаус Бебел, месар од баварскиот град Георгенсгмуенд, отвори хотел, и однапред предупредува дека тој не е за вегетаријанци, но ќе биде вистински рај за љубителите на германскиот домашен колбас.
– Несогласувањата се во основата на мојата работа. Гостите или веднаш ќе го засакаат ова место, или пак, ќе си заминат и ќе речат „никогаш повеќе“, се пошегува месарот.
Новиот хотел има седум соби и секоја е облепена со тапети со слики од сочни колбаси и мешана комбинација од месни производи.
На влезот од објектот, поточно на рецепција, може да се послужите со конзервиран колбас, домашно производство на сопственикот.