Германски судии разгледуваат апсење баварски официјални лица бидејќи не презеле акција против загадување на воздухот во Минхен, објавија германски весници.
Весникот Зидојче цајтунг објави дека административен суд верува дека апсењето на официјални лица би бил најефикасен начин на присилување на баварската влада да верува дека воведува мерки за намалување на емисијата на штетни гасови.
Минхен е на врвот на листата на 65 германски градови кои надминуваат нивоа на штетни честички во воздухот во изминатите 365 денови.
Баварски официјални лица одбија воведување еколошки мерки во државната престолнина, како што е лимитирана забрана на управување со дизел возила, и покрај големите казни.
Според медиумите во Германија, баварските судии сакаат правни совети од Европскиот суд за да може да се овозможи апсење на официјални лица меѓу кои, министерот за екологија Марсел Хубер и државниот гувернер Маркус Соедер