Девојче е во кома во болница во Италија откако проголтало дрога. Бебето чии родители се од Хрватска, било хоспитализирано вчера во многу сериозна состојба откако голтнало дрога, најверојатно канабиноиди.
Според италијанските медиуми, бебето било примено на интензивна нега во четвртокот навечер во болница во Фоџа и било ставено во индуцирана кома. Според првичните информации, станува збор за бебе на хрватски родители, 34-годишна мајка и 39-годишен татко.
Девојчето кога било донесено било во многу сериозна состојба и без свест. Лекарите веднаш извршиле тестови за да утврдат дали проголтало опојна дрога, за што ја известиле италијанската полиција.
„Или е марихуана или хашиш. Не можеме да кажеме со сигурност. Можеби тоа парче бебето го џвакало подолго време и потоа го проголтало. Девојчето во моментов е во индуцирана кома и е во многу сериозна и неизвесна состојба. Под лекови е за да го исфрли од телото несаканото средство. Анализата на урината откри присуство на канабиноиди. Но, сè уште е рано да се предвиди нешто, мора да почекаме да видиме како ќе се опоравува и дали ќе има последица “, велат лекарите.
Полицијата извршила претрес во домот на хрватската двојка, но не откриле никакви траги на дрога.
„Ве молам, оставете ме на мира. Загрижени сме. Оставете ме на мира“, им рекол 39-годишниот татко на италијанските новинари.