На девет месеци од почетокот на пандемијата на коронавирус, во Србија е регистрирано рекордно ниво на породувања во однос на последните 20 години.
Тоа го соопшти директоротѕ на најголемото породилиште во Белград, д-р Жељко Миковиќ за државната телевизија РТС.
– Ова утро во нашата болница се роди 7.245-то бебе, а до крајот на годината очекуваме вкупно 7.700 новороденчиња. Тоа е најголем број на новородени за изминативе 20 години, изјави тој.
На клиниката има посебно одделние за жени заразени со коронавирус и досега во тој оддел имало 91 пораѓања. Сите деца се родени здрави.
– Бебињата не можат да чекаат и прекрасно е што имаме рекорден број на бебиња родени во ваква година. Максимум е направен за мајките да бидат безбедни, како и бебињата. Обезбедени се санитарни услови, имаме доволно персонал и сите можат да се чувствуваат безбедно, објасни Миковиќ.
Тој уште напомена дека мајките можат слободно да ги дојат своите бебиња, бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко.