Капитенот на Велс, Герет Бејл е разочаран од резултатот на натпреварот од осминафиналето против Данска. Велшаните вчеравечер загубија со 4:0 и се елиминирани од Европското првенство.
-Натпреварот не течеше како што посакувавме. Од наша гледна точка, започнавме многу добро, но потоа сè се смени. Се обидовме да играме подобро во второто полувреме, но повторно промашивме, и после тоа ја изгубивме мотивацијата. Резултатот од натпреварот многу не вознемири. Момците се депресивни и лути, и ова е разбирливо. Повеќе би сакал да го завршам турнирот поинаку. Многу разочарувачки – тоа е сè што можам да кажам. Ја пропуштивме шансата, но барем се боревме. Горд сум на нашите играчи, изјави Бејл за официјалната веб-страница на УЕФА.
Во четвртфиналето Данците ќе играат со победникот од двојката Холандија – Чешка.