Амбасадата на САД во Скопје преку Фејсбук го честиташе денешното потпишување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
-Честитки за овој историски чекор, пишува на на фејсбук статусот на Амбасадата.
Амбасадорот Џес Бејли и вработените во Амбасадата заеднички го следеле потпишувањето на Протоколот.
Меѓу 29-те потписници на Протоколот за членство на Македонија во НАТО денеска во Брисел, беше и постојаниот претставник на САД во Алијансата Кеј Бејли Хачинсон.