Иако во последно време се погласно се шушка за разводот на Дејвид и Викторија Бекам, славните сопругжници уште еднаш ги демантираа гласините.
Имено, на 4 јули Бекамови ја прославија годишнината од бракот, а по тој повод и двајцата на своите профили на Инстаграм објавија заедничка фотографија од романтичната вечера со која одбележаа 19 години брак.
-Во ова време пред 19 години бев од глава до петици облечн во виолетово. Честита годишнина, ти си најневеројатна сопруга и мајка. Те сакам, напиша Дејвид под фотографијата.
Викторијата освен ова ги покажа и подароците кои таа и Дејвид ги добија, балоните кои им ги подарија децата и цвеќе од мајката на Дејвид, Сандра, а се пофали и со скапото вино кое го пиеја на вечера во Париз.