Министерот за економија Крешник Бектеши во Тема на денот на Сител запрашан дали капацитетите кои ги имаме за производство на електрична енергија ќе одговорат на потребите со хаваријата која се случи лани со третиот блок на РЕК Битола и дали се обновени капацитетите од лани до годинава одговори дека оваа година и третиот блок во РЕК Битола ќе се стави во функција.

-Целата претходна зима ја поминавме со двата блока во РЕК Битола, и во одредени периоди работеше и блокот во Осломеј и како замена го вклучивме после десетина години ТЕЦ Неготино кое не е вклучено од 2009 за да произведува електрична енергија. Оваа година дополнително на тоа ќе се стави во функција третиот блок во РЕК Битола веќе ЕСМ согласно сите информации склучил договор за да се направи ремонт на трансформаторот а дополнително да набави и друг трансформатор во случај да не се повтори таква хаварија. Зборуваме за стара технологија и никогаш не се знае, рече Бектеши.

Бектеши информираше дека веќе е обезбеден мазут и овие денови ќе почне со работа ТЕЦ Неготино.

-Да сумирам, трите блока во РЕК Битола, блокот во Осломеј, ТЕЦ Неготино и целиот хидропотенцијал ќе биде во функција, рече Бектеши.